Бизнис

Акциите на Волстрит продолжуваат да растат

Вредноста на акциите на Волстрит се зголемија на отворањето на денешното тргување, продолжувајќи го нагорниот тренд од изминатите два дена, со оглед дека инвеститорите се надеваат на дополнителни стимулативни мерки од државата, откако беше објавено дека минатата недела 3,3 милиони Американци аплицирале за надомест за невработени, што укажува на катастрофалните економски ефекти на пандемијата на коронавирус

– Индустрискиот индекс „Дау Џонс“ порасна за 267,83 поени, или за 1,26 проценти, на 21.468,38 поени откако ѕвончето огласи почетокок на работата на Њујоршката берза – јавуваат американските медиуми.

Индексот „С&П 500“ го започна денот на тргување со добивка од 25,73 поени или 1,04 проценти, на 2.501,29 поени, додека технолошкиот „Насдак Композит“ зајакна на 77.91 поени или 1,06 проценти, на 7.462.21 поени на отворањето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

РЕК „Битола“ инвестира 20 милиони евра во еколошки филтри

saso user

Бектеши: Даваме силна поддршка на стопанството во зајакнување на постоечките и остварување на нови врски со странските пазари

saso user

Трговците во Црна Гора одмараат во недела

saso user