Македонија

Аеродром делеше маски и ракавици на лицата во Домот за стари и вработени во СВР-Скопје

Мобилни тимови на Општина Аеродром и Црвен крст денеска им поделија заштитни маски и ракавици на станарите на Домот за стари „Аеродром“, како и на дежурните вработени во СВР – Скопје.

Исто така, во Домот за стари беше поставен и држач со средство за дезинфекција, а во текот на вчерашниот ден таму беа дезинфицирани сите влезови.
Мобилните тимови на Црвен крст даваат подршка на сите лица што не се во можност сами да се снабдат со прехранбени продукти и лекови.

Oд Општината вела дека сите заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 3 211 417 во периодот од 8:30 до 12:30 часот, како и дека досега помош побарале 20-ина семејства од Општина Аеродром.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Општина Аеродром ќе го преиспита договорот со маркетинг агенцијата вреден 73.000 евра

saso user

Тинејџерите сѐ понасилни и понасилни

saso user

Милошоски: Има три можности да се врати уставното име

saso user