Сцена

Sвездата на „Мојата дебела грчка свадба“, поради коронавирусот, не присуствувала на погребот на татка си ФОТО

Холивудската актерка Ниа Вардалос (57), позната по улогата во филмот „Мојата дебела грчка свадба“, деновиве минува низ тежок период бидејќи почина татко ѝ Гус Вардалос, а таа не можеше да присуствува на неговиот погреб поради епидемијата на коронавирусот.

Ниа последен пат го посетила татка си во родната Канада за време на божикните празници, пред да почне епидемијата.

– За Божик сите бевме таму. Седеше на каучот, среќен и подвижен, но не можеше баш да истрча маратон. Имав чувство дека тоа е тоа. Се случи тој момент помеѓу мене и татко ми кога се збогувавме. Мислам дека тој ми рече „ова е навистина збогум“ -, изјавила таа за магазинот „Варајети“.

Набргу потоа тој бил хоспитализиран, Ниа можела да комуницира со него само на телефон.

– Медицинската сестра го држеше телефонот, а јас му се заблагодарив за неверојатниот живот што ми го даде, му реков дека е господин и одличен татко. Мама го држеше за раката и му рече дека е во ред и дека може слободно да си замине – изјавила таа.

Татко ѝ на Ниа починал на 12 март. Поради самоизолацијата и забраните за патувања, Ниа не можела да присуствува на неговото последно испраќање.

Но, свесна за сериозноста на ситуацијата, актерката заклучила дека е подобро што починал порадно додека мерките на претпазливост не беа на повисоко ниво, бидејќи на погребот би имало многу луѓе со што би се зголемил ризикот од ширењето на заразата со коронавирус.

Таткото на Ниа му послужил како инспирација на продуцентот на комедијата што ја прослави.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Скандал го тресе семејството Клуни: Возела пијана и ќе мора да оди во затвор!

saso user

Кање Вест на колена заплака пеејќи ја новата песна ВИДЕО

saso user

Де Ниро: Трамп е лажливо копиле

saso user