Здравје

Сите лековити дејства: Еве зошто би требало да вклучите коприва во исхраната

Свежи и млади коприви веќе можат да се најдат во природата. За лековити цели се користат и листот и коренот. Билката нежно се чисти од земјата и потоа се суши на место под сенка, на промаја, за колку што е можно да ја зачува својата природна боја.

Со оглед дека изобилува со моќни антиоксиданти, витамини и минерали, копривата е ефикасна во одржување на здравјето на забите и коските, еластичноста на крвните садови, чува добро помнење, ја штити простатата, ја зајакнува крвната слика, ги олеснува проблемите предизвикани од артритис. Оваа лековита билка се препорачува на лица со алергиски реакции, а пожелно е и во исхраната кај дијабетичари.

Лист од коприва е најдобар за чај. Три до четири лажици сушен лист се прелива со половина литар врела вода, се покрива и по 15 минути се процедува. Дневно се пијат три до четири чаши. За подобар вкус, копривата може да се меша со шипинка.

Против ревматизам, копривата е ефикасна во комбинација со липа и бозел. Се прави мешавина од еднакви делови на овие билки. Дваесет грама смеса се прелива со половина литар вода, се покрива и се вари додека не зоврие. Се процедува и по еден час пиете наместо вода.

Инаку, состојките од коприва покажуваат дејства слични на нестероидни антиинфламаторни лекови (“ибупрофен”, “диклофенак”…). Затоа, препарати на база на коприва се препорачуваат како дополнителна терапија, особено за оние лица кои тешко ги поднесуваат наведените лекови. Со нив може да се намали дозата на лекот или целосно да се избегне негова употреба.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Направете сок кој ќе ги ублажи симптомите на алергија

saso user

Тајна состојка која може да ја додадете во лебот, а не е адитив

saso user

Во кинеската провинција Хубеи само амбулантни коли ќе се движат по патиштата

saso user