Сцена

Поранешната сопруга на Џони Деп ужива со новата девојка додека нему му го претвора животот во пекол

Актерката Амбер Херд, позната по бракот со холивудската ѕвезда Џони Деп кого го обвини за насилство, била фотографирана на улиците на Лос Анџелес со својата нова девојка Бјанка Бути.

Амбер (33) и Бјанка (38) биле во продавница за хортикултура, купувале цвеќиња и стебленца.

Нивната романса почна во јануари кога двете беа фотографирани како се пакуваат за на одмор во Палм Спрингс во Калифорнија. Потоа беа „уловени“ како се бакнуваат пред еден хотел, чекајќи ги својот превоз.

Херд и новата девојка престојуваат заедно во изолација, со оглед на тоа што гувернерот на Калифорнија нареди сите да останат дома во текот на пандемијата на коронавирусот.

Да потсетиме,  Амбер на својот поранешен сопруг му го прави животот пеколен поради обвиненијата и тужбата за наводното семејно насилство за кое тврди дека тој го сторил врз неа.

Сепак, на страната на Џони Деп застанаа славни актерки, Винона Рајдер, Пенелопе Круз, Ванеса Паради, кои тврдат дека тој никогаш не бил насилен, и дека никогаш не би направил такво нешто. Во меѓувреме, протекоа и многу снимки како доказ дека Амбер била таа која физички и вербално го напаѓала Џони Деп.

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кејт Мидлтон во официјална посета без маска и ракавици: Каква порака им праќа на Британците ФОТО

saso user

Актерката се мажи по третпат: Не верувала во брак, но се предомислила

saso user

Нема да има Евровизија, но во доба на пандемијата имаат алтернативно решение

saso user