Балкан

Полициски час во Белград: Полицајци не го познале градоначалникот, тргнале да го апсат

Градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ раскажал анегдота што му се случила со српската полиција додека доаѓал на гостување во емисијата „Белградска хроника“ на РТС.

Тој раскажал дека полицијата го запрела неговиот автомобил за време на полицискиот час, кој е воведен како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Србија.

– Полицијата го запре моето возило затоа што го управувам за време на полицискиот час. Полицајците се збунија кога слушнаа дека сум градоначалник, но тоа веројатно е така затоа што многу ретко се појавувам во медиумите. Помислив дека ќе ме уапсат – раскажал низ смеа Радојичиќ.

Тој додал дека и Градот и градските служби функционираат рацинално.

– Се трудиме да го намалиме ризикот и да има што помалку луѓе на улиците. Од ден во ден го корегираме градскиот превоз, имаме 32 линии. Најважно е луѓето да можат да одат на работа, а да не се стават во непотребен ризик – раскажал градоначалникот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Албанско обвинителство: Непочитувањето на стандардите за градење и нелегалната градба причина за многу жртви и штети од земјотресот

saso user

Дитмир Бушати лидер на Самоопределување – Албанија

saso user

Албанскиот парламент ги усвои спорните закони за медиуми

saso user