Свет

Повеќе од третина Американци сметаат дека Трамп лошо се справува со кризата

Како кризата со коронавирусот во САД се разгорува и економските последици од карантинот почнаа да се чувствуваат, јавноста е се повеќе убедена дека администрацијата на Доналд Трамп не прави доволно да го спречи ширењето на епидемијата.

Повеќе од третина од испитаните Американци се изјасниле дека претседателот не се справува добро со предизвиците од коронавирусот, се дознава од анкета на Политико и „Морнинг консалт“.

Според анкетата, само 25 отсто од испитаниците изјавиле дека Трамп „добро“ се справува со кризата, додека 39 отсто кажале дека тој се справува „лошо“. Тринаесет отсто се изјасниле дека тој се справува „просечно“.

Анкетата, исто така, укажува дека Трамп и неговата администрација не прават доволно за побрзо завршување на кризата со коронавирусот.

Така, 45 отсто од испитаниците кажале дека администрацијата не прави доволно, додека само три отсто изјавиле дека таа прави многу повеќе во одговорот на кризата. Четириесет отсто изјавиле дека администрацијата прави доволно во справување со кризата.

Резултатите од неколку претходни анкети (на универзитетот Монмут и на Ен-Би-Си њуз, Волстрит журнал) се наклонети во полза на Трамп, иако поделеноста меѓу испитаниците е голема.

Сепак, откако кризата со ширењето на вирусот се развлече, и економските последици од карантинот почнаа да се чувствуваат, јавноста е се повеќе убедена дека администрацијата не прави доволно во спречување на ширењето на епидемијата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пожар во државниот Конзерваториум во Моксва

saso user

Сте се запрашале ли кој кола пијалaк има најдобар вкус?

saso user

Десничарската Алтернатива за Германија ја откажа забавата поради закани

saso user