Спорт

Нолито: Жена ми купи камион тоалетна хартија

Крилото на Севиља, Нолито раскажува како оди неговиот секојдневен живот, во затворен простор.

– Признавам дека сопругата ми купи цел камион тоалетна хартија. Дома, тренирам неколку часа на ден, следејќи ги упатствата на тренерите, за да не изгубам форма. Важно е да бидеме во совршена форма кога повторно ќе играме – рече тој за „Марка“.

Има многу работи што треба да се направат дома, според него.

– Имаме три деца кои постојано се шегуваат. Сега гледам серии на „Нетфликс“,но ми остануваат уште многу филмови – рече тој.

Нолито додаде дека му недостасува нормален живот со семејството, како и тренинзи со соиграчите и натпревари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мареј првпат победи на турнир по враќањето од повредата

saso user

Мбапе побара да му биде впишан него автоголот на фудбалерот на Монпеље

saso user

Хонда ќе се израмни со Мерцедес со следната надградба

saso user