Спорт

Меси се вклучи во борбата против епидемијата, донираше милион евра

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, реши да се вклучи во борбата против коронавирусот и донираше милион евра. Како што пишуваат шпанските медиуми, овие пари се донирани во една болница во Барселона и тие средства се наменети за набавка на дополнителна медицинска опрема, како и неопходни препарати и материјали за заштита од епидемијата.

„Лео Меси донираше пари и се вклучи во борбата против Ковид-19. Ви благодариме многу Лео, за вашата посветеност и за вашата поддршка“, објавија на Твитер од болницата во Барселона.

Сепак, освен оваа донација, Меси ќе донира пари и во болниците во својата татковина Аргентина.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Се огласи сопругата на Коби Брајант: Ме теши тоа што знам дека Коби и Џиџи знаеја колку беа сакани

saso user

Казна од 20.000 долари за Симонс поради удар со лакт

saso user

Перез: Кристијано Роналдо е најголемиот играч, со кој сум потпишал

saso user