Македонија

Клиника за детски болести: Родителите вршат притисок врз докторите што бдеат над нивното дете

Универзитетската Клиника за детски болести – Скопје,  во интерес на вистината, сака да ја информира јавноста за видео-снимката која денеска (25.03.2020 година) родители на наша пациентка ја направиле на едно од одделенијата. На снимката се гледа дека бебе, наш пациент, како тешко дише и притоа родителите ги коментираат и ги обвинуваат со имиња и презимиња лекарите за неговата состојба.

Имајќи предвид дека станува збор за комплексна ситуација, а со цел јавноста да добие целосна слика за случајот со пациентката, сакаме да дадеме и наш став во однос на денешната снимка. Имаме целосно разбирање за болката на родителите и со нив сме постојано последниве шест месеци.

Мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста, заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало. И покрај познатите медицински оправдани, стравувања по евентуални последици по плодот, мајката  решила да го роди детето, без разлика на последиците.

Токму како последица од варичелата, бебето се родило со комплетно нарушен имунолошки систем, односно неможност да се одбрани од бактерии ниту вируси.  Колку е ослабен имунитетот покажува и фактот дека од самото раѓање детето било само неколку дена дома, во рок од шест месеци. Направени се сите современи испитувања што само ја потврдуваат дијагнозата дека детето е родено со последица од варичелата додека мајката го носела плодот.

„Комплетно ја разбираме нервозата на родителите, се обидуваме да помогнеме колку што можеме, но ситуацијата се менува секојдневно, а грижа за детето има постојано. Во секој момент на располагање се докторите на Клиниката кои досега повеќе пати отворено разговараат со родителите за состојбата на детето. И покрај тоа, секојдневно се врши притисок врз  персоналот на болницата, проследени со разни навреди, закани по живот и  агресија која кулминираше денеска кога обезбедувањето на Клиниката мораше да повика и полициска асистенција.

Како здравствени работници, но и како луѓе, родители, ја разбираме нивната борба за сопственото дете, но не ја разбираме потребата од психичко и физичко насилство врз оние кои деноноќно се борат за животот на нивното дете.

Во овие тешки времиња за сите здравствени работници сакаме да повториме дека целиот медицински тим на Клиниката за детски болести во Скопје деноноќно се бори за најмалите. Нивниот живот за нас е приоритет и тука не треба да има ниту најмал сомнеж“, се вели во соопштението на Клиниката.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев по лидерската средба: Митинзите ќе ги одржуваме на Фејсбук

saso user

Уште еден сончев викенд пред заладување

saso user

Ресенчани од земја ќе се заштитуваат против комарци следната недела

saso user