Македонија Топ вести

КАРАНТИНОТ ВО ХОТЕЛ „ДЕСАРЕТ“ ВО ОХРИД ЗАПОЧНА СО ТЕШКА ИМПРОВИЗАЦИЈА НА ПОДИГАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ ОТПАД, ЦЗЈ ВЕДНАШ ДА РЕАГИРА

Хотеслскиот комплекс „Десарет“ кој работи во состав на АД „ОхридТурист“ Охрид, лоциран во село Пештани, од вчера претставува времен карантин за лицата државјани на РСМ, кој со организиран транспорт на Влада на РСМ се вратија од земји каде беснее Корона вирусот. АД „Охридтурист“ Охрид се јави на јавниот повик на влада на РСМ, за прием на лица во карантин по цена од 10 евра на ден по лице со вклучени три оброци.

КАКО ФУНКЦИОНИРА КАРАНТИНОТ ВО ХОТЕЛ „ДЕСАРЕТ“!

Сите фамилии сместени се во посебни соби во хотелот, под 24 часовен надзор на припадници на МВР. Сите соби имаат сопствен тоалет со купатило.Ниту едно лице не смее да ја напушти собата.

Обезбеден е 24 часовен лекарски надзор, но исто така Центарот за јавно здравје, Јзу Општа Болница-одделението Инфектологија, а и другите одделенија се постојана 24 часовна приправност.

Храната се доставува до пред врата на собата, од каде едно од лицата од соба ја подигнува.

Исто така целокупниот отпад еднаш во ден го остават пред врата, од каде истиот отпад според ОхридТурист требало да го подигаат вработени  на ЈП „Охридски Комуналец“?

НЕДОСТАТОЦИ НА КАРАНТИНОТ ?

Постојат реални недостатоци во смисла на организација на санитарниот дел во карантин во Хотел „Десарет“. Недостаоците се состојат посебно во делот на собирање на отпадот, како од пред вратите на хотелските соби, така и пред самиот хотел кој е прогласен за Карантинска Зона!

Медицинскиот отпад како посебен вид на отпад, како и поради своите специфични карактеристики бара посебен третман. Како таков мора да биде одвоен од комуналниот отпад, како при процесот на неговото настанување така и при процесот на неговиот транспорт.

Во карантинска Зона Хотел „Десарет“, немаме одвојување на медицинскиот отпад од обичниот отпад, нешто за што ќе мора да се погрижи давателот на Карантинска Услуга Хотел „Десарет“ или поточно фирмата која стопанисува со Хотел Десарет АД Охридтурист Охрид.Од друга страна ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема дозвола за собирање и транспортирање на Медицински Отпад, а единствени кој се должни и имаат дозвола за собирање на овој вид на Отпад е битолската фирма „Еко Клуб“, за која доста се пишуваше во изминатиот период, околу незаконското депонирање на медицинскиот отпад во Дрисла.

Подигањето на Медицински Отпад подлежи на строго дефинирани правила и услови опишани со Правилник за начинот на постапување со медицински отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад,објавен во Службен венсик на РМ Бр.146 од 06-12-2007 година.

Во Член 5 на овој правилник, јасно е наведено, дека во кеса со Жолта Боја се пакува опасен медициснки отпад, додека во кеса со зелена боја се пакува фармацевски отпад, додека во црна кеса комунален отпад.На сите начини на пакување во кеси со одредена боја ,јасно е пропишано правилото на поставување на соодветна налепница, со соодветни димензии 7х9 за медицински, додека кесите мор да поседуваат специјални дршки за нивно бебзедно подигнување.

ЈП Охридски Комуналец Охрид, нема дозвола за собирање на медицински отпад, не поседува стручен кадар за подигање на ваков вид на отпад, вработените подигнувачи на смет немаат соодветно образование за подигање на ваков вид на медицински отпад, како што немаат ниту соодветни возила за безбеден транспорт на овој вид на отпад до депонија „Дрисла“ во Скопје.

Воедно, вработените во Охридски Комуналец, немаат соодветна заштитна опрема за подигање на отпад во Карантин, поточно не поседуваат специјални заштитни Скафандери, кој се користат за безбеден влез на вработените на Охридски Комуналец во Карантински дел. Постои посебна процедура за тоа како лицата треба да влегуваат во дел кој е прогласен за карантинска зона и како треба од него безбедно да излезат, во смисол на нивно правилно пресоблекување, а со цел да не прошират можна заразна болест, поточно да се сопре можна трансмисија на вирусот од каратнтински дел во оној здрав дел на населението.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Извадок билтeн на настани на МВР на РСМ за ден 29.03.2019 година

saso user

Пендаровски е разочаран од Јанева

saso user

Собранието ја прифати оставката на Трајковски

saso user