Свет

И вториот тест на Ангела Меркел негативен, но ќе има и трет тест

Резултатите од вториот тест за коронавирус на германска канцеларка Ангела Меркел исто така се вратија негативни, изјави нејзиниот портпарол.

Штефен Сајберт за германската новинска агенција ДПА изјави дека Меркел ќе продолжи да работи од дома и ќе се подложи на уште еден тест на почетокот на следната недела.

Германската канцеларка влезе во самоизолација во текот на минатата недела, поради претходен контакт со лекар, кој подоцна се тестирал и тестот бил позитивен.

Во понеделникот, Меркел учествуваше на нејзината седмична средба на кабинетот по телефон.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пожар во фабрика за изолациски материјали во Словенија

saso user

Француската Влада доби доверба од Националното собрание

saso user

Во Кина 19 странски државјани се заразени со корона вирусот

saso user