Спорт

Заврши сезоната за Голден Стејт

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, зборуваше за ситуацијата со која се соочи тимот во врска со суспензијата на сезоната поради коронавирус. Според Кер сезоната за неговиот тим е завршена.

Голден Стејт ќе мора да одигра 17 натпревари до крајот на регуларната сезона, но поради паузата лигата може да го смени календарот.

– За Воините, сезоната во суштина заврши. Ако лигата некако успее да го рестартира, малку е веројатно дека ќе играме редовни натпревари, со оглед на губење на време. Кој знае. Но, јас се грижам за екипите што се бореа, кои се насочија кон титулата, се бореа за плејофот, тимовите што вложија многу – изјави Кер.

Голден Стејт од поодамна ги загуби шансите за влез во плејофот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Интер го купи Французинот од Челси

saso user

Бартомеу: Ако Барса се најдеше во истата ситуација како Реал, јас ќе поднесев оставка

saso user

Надал лесно ја мина првата пречка на Австралија опен

saso user