Балкан

Вучиќ: Денеска очекуваме драматичен скок на заразени, Белград најголемо жариште

Српскиот претседател Александар Вучиќ говорејќи за ширењето на коронавирусот, изјави дека очекува од денеска да почне да се зголемува бројот на заразени лица, меѓу другото и затоа што со новата стратегија ќе се зголеми бројот на тестирани лица.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ додаде дека за десетина дена, бројот на тестирани може да се очекува да биде 3.000, но оти ова е најдобриот начин да се задржи пандемијата и да се спречи вирусот да се шири на што повеќе луѓе.

– Тоа е нешто со што треба да се справиме и подобро е да го сториме тоа што е можно поскоро. Имаме поголем број лица на респиратори и затоа е важно да се спречи со вирусот да се заразат уште многу луѓе – кажа тој, додавајќи дека е договорено со кинеските експерти да се постави голема лабораторија, која ќе може да направи 2.000 тестови на ден.

Вучиќ повтори дека денеска е далеку најтешкиот ден, со најмногу тестирани и дека утре ќе биде уште полошо.

– За првпат, ќе имаме прецизна слика за тоа колку заразени лица влегле од странство. Се плашиме дека тоа е ужасно голема бројка. Белград е далеку најголемо жариште, следи Ниш и Ваљeво. Кикинда беше најголем жариште на почетокот – им изјави Вучиќ на новинарите во Штарк арената.

Тој порача дека надлежните наскоро ќе излезат со нови мерки за Белград, Ниш и за Ваљево.

Во врска со веќе подготвениот карантин на Белградскиот саем со 3.000 лежаи, тој порача дека „сите ќе мора да одат на Саем, ако имаат вирус.“

– Некој тука треба да помине 14 до 21 ден, а тоа што нема да му биде комфорно тоа не ме интересира, ние се бориме за животите на луѓето и ако некој мисли како ќе се шминка или да мие заби четири пати на ден, е нема, ќе ги мие еднаш дневно – додаде српскиот претседател.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Црна Гора под надзор 184 лица поради коронавирусот

saso user

Геолошка служба на САД: Епицентарот на земјотресот 30 километри северозападно од Тирана, на длабочина од 20 километри

saso user

БиХ: Дива свиња среде бел ден се прошета низ центарот на Високо

saso user