Свет

Во Франција има 25.233 заразени

Бројот на починатите во Франција од Ковид-19 порасна за 231 нов случај во последните 24 часа, притоа 2.827 лица се наоѓаат на интензивна нега, јави дописникот на МИА.

Во Франција во моментов има 25. 233 случаи на заразени со коронавирусот, потврдени со тестови, од нив 11. 539 лица се на болничко лекување, а од почетокот на епидемијата излечени се 3.900 лица.

На редовниот вечерен брифинг за ситуацијата во Франција, генералниот директор за здравство Жером Саломон, соопшти дека во болница од Ковид-19 починале вкупно 1.331 лица. Од нив 86 отсто се на возраст од над 70 години. Една третина од лицата кои се на интензивна нега се помлади од 60 години, додека 59 отсто се на возраст од 60 до 80 години.

Во наредните денови владата ќе соопшти до кога ќе важат мерките за забрана за движење.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Добил ќотек оти откривал детали од филмот „Avengers: Endgame”

saso user

Каунтдаун: „Тивок час” за лица со аутизам

saso user

САД: Ненамерно убиени 1.300 цивили во Иран и Сирија

saso user