Свет

Во Италија денеска 683 починати, вкупно 7.503

Бројот на починати од коронавирусот во Италија денеска се зголеми за 683 и сега изнесува 7.503 лица, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Италија денеска бележи пад на бројот на жртвите во однос на вчера, кога починаа 743 лица.

Во соопштението на Агенцијата се додава дека во Италија има вкупно 74.386 заразени со Ковид-19.

Директорот на Агенцијата, Анџело Борели денеска не присуствуваше на прес-конференцијата, бидејќи имал температура и во тек е негово тестирање на новиот вирус.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Снег во Хрватска на прагот на пролетта

saso user

Трамп е во минус од две до пет милијарди долари откако е претседател

saso user

Ердоган и Путин разговараа за ситуацијата во Идлиб

saso user