Македонија

Вархеји му пиша на Спасовски: Определивме финансиска помош за Северна Македонија

Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, денеска со писмо го информираше македонскиот премиер, Оливер Спасовски дека тој веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.

Вархеји во писмото наведува дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално и економско штети предизвикани од кризата.

Тој истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средни компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка.

Вархеји во писмотонаведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот.

Тој информира дека во соработка со Советот за регионална соработка, Секретаријатите на ЦЕФТА и на Транспортната заедница се утврдуваат начините за непречен транспорт на стоки во регионот и во Европската Унија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дали под закрила на ЗНМ,СЕМ и СДСМ Влатко Кошеваливски ја започна играта за бркање на новинари под присила?!

saso user

Сообраќајот е пренасочен на патот Прилеп -Битола

saso user

На Инфективна хоспитализирани 36 пациенти со грип, еден во животозагрозувачка состојба

saso user