Балкан

Вархеји и одобри на Србија 94 милиони евра, пренаменети од ИПА фондовите

Европската унија и одобри на Србија околу 94 милиони евра непотрошени средства од тековните проекти и Инструментот за претпристапна помош (ИПА) да се искористат за спречување и сузбивање на последиците од коронавирусот, соопштија од српската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на 16 март српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ испратила писмо до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во кое бараше ЕУ да и овозможи на Србија да пренамени непотрошени средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за преземање мерки на сузбивањето на последиците од коронавирусот.

Во одговорот на ова писмо, како што соопштија од српската Влада, Вархеји напишал дека и дал налог на својата служба, со согласност на српската Влада, да ослободи околу 94 милиони евра од тековните проекти и проекти од ИПА фондовите кои досега не се реализирани. Овие средства вклучуваат 15 милиони евра за итни потреби од тековни програми и договори со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), навел Вархеји, додавајќи дека може да се користат и дополнителни 21 милиони евра од Програмата за поддршка на европските интеграции.

Вархеи во писмото, укажал на можноста и за дополнителна поддршка со обезбедување 57,6 милиони евра за проекти чија имплементација сè уште не започна да се пренасочи кон поддршка на здравствениот систем и надминување на социо-економските последици од пандемијата на коронавирус, соопштија од српската влада.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Неработна недела за вработените во трговијата во Црна Гора од 20 октомври

saso user

Тачи и денеска не успеа да му го даде мандатот за формирање влада на Курти

saso user

Хрватите избираат претседател

saso user