Спорт

Барса ќе се раздели со осум играчи

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона е подготвен во летниот преоден рок да се раздели со осум играчи од сегашниот состав.

На крајот на сезоната, каталонскиот клуб има намера да го засили списокот и да земе од два до пет новодојденци на позиции во напад, среден ред и одбрана.

Сепак, паузата во сезоната поврзана со пандемијата на коронавирус сериозно ќе влијае на финансиските можности на Каталонците во текот на летото, како и на спецификите на пазарот.

Затоа, Барса има намера да ги пушти своите играчи во други екипи – станува збор за продажба и за размена.

Од „Камп Ноу“ може да си заминат: Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Самуел Умтити, Мартин Браитвајт, Филипе Кутињо, Јуниор Фирпо, Антоан Гризман и Нето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Италија ѝ даде девет гола на Ерменија за 11 победа во низа

saso user

Ница ќе го раскине договорот со играч кој украл часовник од колега

saso user

Валверде за Гризман: Тоа беше важен ден за него

saso user