Сцена

Олга Куриленко објави дека нема повеќе коронавирус и прати силна порака ФОТО

Украинската актерка и манекенка Олга Куриленко (40) објави дека е излекувана од коронавирусот.

Поранешната девојка на Бонд, во филмот за агентот 007 „Quantum of Solace“, изјави дека две недели се бори со вирусот и за тоа време е во изолација од куќа, и сега конечно се чувствува добро.

„Јас сум целосно закрепнат и здрав сум. Да резимирам: за една недела се чувствував навистина лошо и во најголем дел бев во кревет, спиев, со треска и силна главоболка. Другата недела температурата се спушти, но се појави мала кашлица и бев многу изморена. До крајот на втората недела бев тотално во ред“, напиша Олга на Инстаграм, со емотивна фотографија на која нејзиниот син ѝ седи во скут.

Таа истакна дека сега ќе ужива во времето со својот наследник и го честита Денот на мајките.

„Сега уживам во ова време, размислувам за многу работи и го поминувам времето со мојот син“, порачала актерка.

Да потсетиме, на убавата Украинка, кога таа објави дека има коронавирус пристигна поддршка од сите страни, многу колеги ѝ посакаа брзо да оздрави.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Интернет се вљуби во руската Анџелина Џоли, но некои ѝ најдоа недостатоци ФОТО

saso user

Ѓоковиќ овој стан го платил 9 милиони долари: Погледнете ги фасцинантните фотографии од идниот луксузен дом на тенисерот ФОТО

saso user

Бомба: Таа е првата жена од Балканот која ќе работи со злогласниот „крал на Инстаграм“ ФОТО

saso user