Здравје

Некои граѓани дури и лажат само за да добијат термин за тест од корона

Кај многу граѓани има интерес за тестирање на коронавирусот, коешто од вчера се закажува преку матичен лекар, а се врши во 14 пункта во земјата, но мал број успеваат да добијат термин за овој тест. На 10-тина прашања треба да одговори пациентот за системот „Мој термин“ да одобри датум за тестирање за коронавирус. Некои од пациентите, како што дознаваме, дури и се обидуваат да излажат, само за да се тестираат, но во тоа им застануваат на пат матичните лекари.

– Закажувањето термин за тест не е по желба, туку каде што има неопходна потреба. Ни велат – биле пазареле, па страв им е да не фатиле корона и бараат да се тестираат! Има место, до пладне вчара закажавме само двајца за тест во поликлиниката „Јане Сандански“ . Стравот од вирусот е голем, ние сме и им како психолошка поддршка, но не може за секој што ќе се јави да зафатиме термин, кој може да му е повеќе од неопходен на некој друг. Се правдаат дека оделе на работа, некои пријавуваат и симптоми, а дел велат дека ги тераат од дома да се тестираат. Има 10тина прашања на кои треба да се дадат точни одговори, дури тогаш системот одобрува термин за тест – вели матична лекарка од населбата Мичурин во Скопје.

Или некои велат дека пред 2 недели се вратиле од странство, а немаат температура, па исто така не може да се тестираат.

И во Велес, каде досега за среќа, нема ниту еден заразен со коронавирусот, велат дека се закажуваат само оние на кои навистина им е потребно.

– Засега е мирно, сега повеќе се информираат дали да се тестираат од велешките села каде се вратени од Италија многу наши државјани. Тие седат во изолација, некои одат и на преглед. Се јави еден утрово и вели дека само 2 минути се видел со роднините од Јаболчиште, тие немале симптоми, а тој бараше да се тестира. Кажа дека работи во МВР, а и оттаму му советувале да си седи дома, што и ние му порачавме – вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претедателка на Здружението на приватни лекари на РМ.

Таа додава дека има и такви кои лажат.

– Дел од луѓето и лажат. Се јави шофер кој кажа дека пред една недела се вратил од Португалија, но не бил веднаш во самоизолација туку се движел меѓу луѓе, па сакаше да се тестира иако нема симптоми. Го упативме задолжително да се јави во Центарот за јавно здравје – додава д-р Чолакова Дервишова.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Зошто пациентите со ретки болести не се ослободени од работа?

saso user

Дали правите сé што НЕ треба откако ќе се најадете?

saso user

Желудникот посилно боли во есен, што да јадете, а што да избегнувате

saso user