Досие Македонија Топ вести

ЗОРАН ПРОФА , ВИНОВНИКОТ КОЈ ЈА ЗАПОЧНА ОНАА БАЈКА ЗА ИЛУМИНАЦИЈА (ПРОСВЕТЛУВАЊЕ) НА ОХРИД (ГАЛЕРИЈА)

Секој еден патник кој поминал и останал барем една вечер во  Охрид, останува восхитен од прекрасната Илуминација на црковните храмови , но и на други културно историски споменици ,посебно во стариот дел на Охрид попознат како Варош.

Илуминација ( illuminatio) ,преставува свечено осветлување -расфета ,која пак може да се подели на три дела :

  1. Бојадисување на некој цртеж , бакрорез или отисок во камен
  2. Украсување на ракописни книги – илуминирани рукописи и
  3. Изненадно надахнување , светлост која ја пали душата, попозната како Инспирација – Просветлување.

Просветлување (латински илуминација, од: illuminare т.е. осветлување) преставува споен филозовски и религиски концепт спрема кој човековото спознавање е возможно благодарение на Божјото просветлување на човековиот ум.

Теоријата на просветлување во античката филозофија потекнува од Платон.Во Христијанската филозофија , посебна важност има кај Августин, кој во своите записи ќе истакне: „Нашето просветлување,прествува учествување во Логусот, т.е.во тој дел на живот кој преставува светлост на луѓето ,извадок од (De Trin., 4,2,4).

КАКО ЗАПОЧНА ОНАА БАЈКА ЗА ИЛУМИНАЦИЈА (ПРОСВЕТЛУВАЊЕ) НА ОХРИД ?

Големите луѓе никогаш не го владееле светот, ниту некогаш ќе го владеат. Тие отсекогаш го предводеле, го придвижувале напред, го напредувале. И, ќе продолжат со своето создавање и со создаденото, без оглед дали ќе им биде признаено или не.Големите луѓе ,се големи затоа што своето сегашно време го продолжуваат во сегашното и идното,посветено  на други.

Позната е едена од гоелмите филозовски мисли на Фридрих Вилхелм Ниче :- „Колку повеќе се’ сме извишиле, толку помали им изгледаме на оние кои не се кадарни да летаат!“, тука  има голема вистина.

Професор -доктор Зоран Тунтев , редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ,неколку години наназад ,преставува голем човек ,кој никогаш не се жали на недостиг на можности. Зоран Тунтев попознат помеѓу охриѓани под неговиот прекар Зоран Профа ,кој е’ главниот виновник за прекрасната Илуминација на Црковните храмови , но и на други културно историски споменици ,посебно во стариот дел на Охрид попознат како Варош.Скромен , едноставен , крајно комуникативен , но со големо Срце, како планина , кој покрај тоа што беспрекорно се истакнал во научните трудови во обалста која му е професија, Зоран Профа посебно се истакнува и кон Хуманоста , која е одлика на големите луѓе. Зоран Профа заедно со своите долгогодишни другари од Лајонс Клуб „Лихнидос“ од Охрид , долги години се едни од оние лица кој организираат големи Хуманитарни акции , далку од очите на јавноста , водејќи се од големата пишана мисла на Свети Никола Чудотворец – “Левата да дава , десната да не знае“.

Илуминација на црковните храмови , но и на други културно историски споменици ,посебно во стариот дел на Охрид попознат како Варош, потекнува токму  од Зоран Профа,кој својата замисла ја преточи во денешна наша реалност ,на која се восхитуваат како граѓаните на Охрид , така и бројните туристи кој го псоетуваат Охрид. Од идеја ,до комплетна реализација на Илуминацијата на објектите во Охрид ,како и целата финсиска конструкција за реализација на ваковото просветлување  на Охрид ,се плаќа од приватниот буџет на Зоран Профа и од дел на членовите на Лајонс Клуб „Лихнидос“ Охрид.

За крај на ова писание за големиот човек Зоран Профа, редакцијата ОхридСкај ,го поздравува големиот човек Зоран Профа , со една голема мисла на големиот филозоф Фридрих Рукерт:

Зоран Профа, Прекрасна е капката роса на работ на тревката и не толку ситна , за големото Сонце да се огледа во неа.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Облачно со локален дожд и со температура до 8 степени

saso user

ТИКА подари амбулантно возило на прилепската болница

saso user

Куманово синоќа со алармантно аерозагадување

saso user