Мода

Анѓела Јакимовска прогласена за Miss best body на Мис Европа- поради корона вирусот изборот се одржа без публика

Во Бејрут, Либан, се одржа изборот за Мис на Европа 2020, на кој победи убавицата од Франција. Титулата прва придружничка ја освои Литванија, а втора придружничка е девојката од Украина.  Нашата претставничка, Анѓела Јакимовска од Скопје направи убав успех влегувајќи во топ 10 убавици, а на крај беше прогласена, односно освои круна и лента за најубаво тело- Mis best body.

Анѓела на изборот настапи преку Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина. На изборот присуствуваше и првиот човек на агенцијата,  Мики Црнокрак, кој беше и дел од жирито.

-На овој избор уште една девојка од нашето  модно студио успеа да освои титула и тоа трета придружничка, а тоа е 19 годишната Лара Стешевиќ, која ја претставуваше Црна Гора, вели Мики.

Сите европски убавици престојуваа две недели во хотелот „Ривиера“ на самиот брег на Средоземното море во Бејрут, Либан. Финалето се одржа без публика, поради истите мерки кои и тука во Либан се превземаат како превенција од Корона вирусот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Паметен фустан“ покажува кога жената ја допираат без нејзина согласност ВИДЕО

saso user

Има 70, а изгледа како да има 30 години: Модната дизајнера Вера Венг го стопираше стареењето ФОТО

saso user

Ана Винтур не ја поднесува: Оваа модна комбинација е одраз на недостиг на имагинација и стил! ФОТО

saso user