Видео

КСС: Работодавачите да ги почитуваат мерките, а работниците да пријавуваат непривилности

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) апелира работодавачите во целост да ја почитуваат препораката за ослободување од работа на еден од родителите, а работниците да пријават во Државниот инспекторат за труд доколку се соочат со непочитување на препораката.

– Бидејќи до КСС почнаа да пристигнуваат известувања дека некои од работодавачите од приватниот сектор не сакаат да ја почитуваат мерката која е казнива со Кривичниот законик, апелираме оваа мерка да се почитува во целост од страна на работодавачите, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Апелираме до сите работници кои ќе се соочат со непочитување на мерката од страна на работодавачите да пријават до Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31, а надлежните институции соодветно да реагираат, се наведува во соопштението од КСС.

Оттаму најавуваат дека ќе ги пријават сите случаи доколку добијат информација за непочитување на препораката.

Согласно најновите мерки што ги објави Владата во врска со коронавирусот, од работа треба да биде ослободен еден од родителите кои имаат деца до 10 години, а за тоа родителот треба да достави потврда од градинката или основните училишта. Од работни обврски се ослободуваат и родителите кои имаат деца со попреченост.

Од КСС апелираат до сите граѓани да се грижат за своето и јавното здравје и да ги почитуваат препораките.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

(ВИДЕО)АЛЕКСАНДАР ДЕЛОВ ,ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ МАКЕДОНИЈА И ОСНОВИТЕ НА ДРЖАВАТА КОЈ НИ ГИ КИДНАПИРАА ЛУДАЦИ.

ohrid_user

(Видео Тв Морис-Охрид)Оливер Спасовски денеска во Полициската станица во Струга ги прими возилата што како донација за Одделот за гранични работи и миграција при МВР ги додели германското Сојузно министерство за внатрешни работи.

ohrid_user

(Видео) Десантот на Охрид, како МВР демонстрира сила !

saso user