Мода

Армани донираше 1,25 милиони евра за борбата против коронавирусот

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани (85) донираше 1,25 милиони евра на четири италијански болници и Националната агенција за цивилна заштита, во обид да помогне да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирус во Италија.

Модната куќа „Армани“ донираше 1,25 милиони евра за три болници во Милано и на римската болница „Спаланцани“, како и на Агенцијата за цивилна заштита, соопшти во понеделникот портпаролката на компанијата.

Компанијата имаше 2,1 милијарди долари приходи во 2018 година.

Повеќето вработени во миланската групација работат од дома, а во производствените погони работат со најмал број на луѓе, изјавила портпаролката.

Во нешто повеќе од две недели, бројот на регистрирани случаи на коронавирус во Италија се зголеми на 7.375, со 366 смртни случаи, значително оптоварувајќи го здравствениот систем.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Погледнете го фустанот со кој Кејт го освоила Вилијам – мини проѕирен со црна долна облека ФОТО

saso user

Мачка ноншалантно прошетала по модната писта на Кристијан Диор ВИДЕО

saso user

Модни трендови кои ќе „владеат“ со улиците есенва

saso user