Досие Топ вести

ОПШТИНА ОХРИД И „ИГРАТА“ КАКО ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ ПАРТИСКИОТ ТРОН ОД „СЕЛЈАЧИШТАТА“ ДЕЛ 1-ви

Како што обзнани ohridsky.com , на ден 05-03-2020 година, објaвено под наслови : „(ФАСКИМИЛИ) Сопственикот на Охрид1и Скопје1 фатен во рекетирање на Јавно Претпријатие во Охрид“ , како и на ден 06-02-2020 година под наслов Колку се наплаќа советнички глас во Општина Охрид, каде завршуваат тешки милиони народни пари, кој спречи безбедносен скандал на седница на влада во Охрид-Дел1“, презентиравме доказен материјал, за кој има посебен општествен интерес, и како таков ќе мора да биде испитан целосно од Јавното Обвинителство на РСМ  и Управата за Јавни приходи на РСМ.

ФИНАНСИСКИОТ МЕДИУМСКИ РЕКЕТ ВО ОХРИД, ДОБИВА НОВИ ДВОРСКО ПОЛИТИЧКИ ДИМЕНЗИИ?!

Како што дознава редакцијата ОхридСкај, ваквиот медиумски рекет кој патем е спрега на кабинетот на градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и двајцата надворешни негови самопрогласени Пи-ар стратези Љупчо Таневски и Арбен Демировски -Бено, не биле први вакви финасиски изнуди за непостоечки услуги, за кој биле буквално присилно терани директорите на Јавните претпријатија да исплаќаат на фирмите на Таневски и Бено!

На ден 02-03-2020 година, спорните фактури до Јавните претпријатија ги носел лично и пресонално самопрогласениот Шеф на Кабинет на Градоначалникот на Охрид Георгиевски, лицето Златко Наумовски, кој во Општина Охрид е лице вработено преку превземање од Агенција за времени вработувања, нема статус на државен службеник, но некој му дал право, поточно градоначалникот на Охрид, со усмени наредби му дал овалстувања да биде „Понти Пилат“, кој треба да наредува на државната администрација да прави против законите дејствија, да  го собира рекетот од охридските бизнисмени (Дали Георгиевски знаел за собирање на Рекет од бизнисмени, не знаеме, но во неколку наврати со факти му е укажано), кој заедно во друштво со Љупчо Таневски ги носеле спорните фактури за извршени фиктивни услуги, при тоа со напставија веднаш да се платат, така наредил градоначалникот???!!

НАРАЧАНИ АНКЕТИ, ТЕКСТОВИ ПРОТИВ СДСМ ОХРИД, СО ЦЕЛ ДА ГО ПРЕВЗЕМЕЛЕ РАКОВОДЕЊЕТО НА ПАРТИЈАТА СДСМ ОХРИД ?!

По предвремените локални избори во 2018 година за градоначалник на Охрид по ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ( Во понеделник објавуваме посебни документи како и денес на име на покојниот градоначалник Стојановски користат Платежни картички), Георгиевски е избран за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Вечерта, кога Георгиевски ја прогласи победата во штабот на СДСМ, постана денот „Д“ за недоразбирање со својата партија СДСМ и локалното легално избрано раководтсво?!

Подолго време, јавна тајна е дека односите помеѓу општинското раководство предводено од Георгиевски, кој патем е верна сенка на актуелниот директор на Царинска управа на РСМ Ѓоко Танасковски, кој заедно пак во корелација со актуелната прва дама на Советот на Општина Охрид Живка Мадам Жижи Агеловска, веќе година и половина од една страна работат на превземање на партиската организација на СДСМ Охрид, од според нив наречените „селјачана  раководство“, а од друга страна при секоја посета на претседателот на СДСМ и потпретседателите, некој од нив неуспешно глумат соработка и разбирање, а од друга страна во пртијата вметнуваат таканаречена Пета Колона од нивни послушници, со цел да создадат негативна слика за актуелното раководство на СДСМ Охрид пред јавноста, а од друга страна си тераат соживот со истакнатите кадри на ВМРО ДПМНЕ ?!

Секако за ваквата нивна валкано – криминална кампања (ќе објавиме непобитни докази за дузина криминали и поврзаност со мафија), потребни им се потрчковци од областа на медиумското квази работење, кој во минатото се докажале како докажани полтрони -Троцкисти. Георгиевски не му требало соломонова мудрост да пронајде двајца алчни подлизурковци, веднаш се обратил и побарал медиумска и Пи-ар помош од докажаниот безрбетник, кој попатно слугуваше на режимот на Никола Груевски  или попознат како охридски подлизурко Љупчо Таневски. Сложниот нарачател Георгиевски и сложниот подлизурко Таневски, веднаш нашле заеднички јазик, парите ! Лесно е кога пари даваш од општинска народна каса и од јавните претпријатија, но за остварување на целта на тандемот Танаскоски – Георгиески, во дадениот случај сметката која им ја испоставил Таневски, била малку помрсна, но за нарачателите воопшто тоа не е битно, секако не е од нивни џеб..

Од 2018 година, како строго доверлива „класифицирана“ тајна во Општина Охрид беа договорите со двете поврзани фирми на Љупчо Таневски, едната ЛТ Продукција, другата Мега Стар продукција. Никој во општина Охрид не смеел да проговори дека има било каков договор за медиумско покривање на Општина Охрид од фирмите на Таневски, се до оној момент додека редакцијата ОхридСкај не ги дозна тајните „класифицирани“ договори за медимско покривање од по 49.000,оо денари месечно, како и договорите кој јавните претпријатија добиле наредба задолжително „класифицирано“ да се огласуваат на двата медиуми на Таневски Охрид1 и Скопје 1, но сега со додаток ,дека мора да има и нови договори со партнерот на Таневски Арбен Демировски-Бено и неговиот портал ОхридВест, секако на иста сума на пари, како од општина Охрид, така и од сите 5 јавни претпријатија во Охрид ??( Фактурите и договорите се добиени по испратено барање за слободен пристап на информации од Јавен карактер. Редакцијата ОхридСкај во текот на наредната недела ќе ги обзнани на читателите).

Горгиевски има свој тројца адути за трката на пратеници во 5-та изборна единица од редовите на СДСМ.

Првиот адут е нему верниот Ментор Ѓоко Танаскоски, за кого лобира на сите можни страни, дечкото мора по секоја цена да седне во пратеничкото столче, да го добие пратеничкиот имунитет, како би избегнал идна можна јвно обвинителска истрага против неговото работење во Царинска Управа на РСМ, за што редакцијата ОхридСкај во текот на месец март ,ќе обзнани голем број на факти, кој го сомничат Ѓоко Танаскоски за неправилности во работењето на Царинската Управа на РСМ.

Со цел Танаскоски да стекне некаков си дојам, дека јавното мислење во Охрид е премногу наклонето кон овој „авторитет“, се нарачува спинувана Анкета на порталот ОхридВЕст, сопственост на Арбен Демировски-Бено. За да помине оваа анкета, каде Ѓоко Танаскоски по секоја цена мора да го надгласа и да има повеќе наколонетост кај граѓаните на Охрид од актуелниот претседател на ОО СДСМ Охрид Лазе Таневски. Доколку некој и за момент помисли дека и оваа анкета е онака што „Вундеркинг“Арбен Демировски-Бено му паднало на памет, сте се излажале. Нарачката оди преку Љупчо Таневски, кој во меѓувреме е доста медиумски компромитиран, па така е одлучено наместо на ПОРТАЛОТ Охрид1, сосптвеност на Таневски, анкетата да оди кај нивниот кеш партнер Арбен Демировски-Бено и неговиот ОхридВест, а истата да се плати од јавните претпријатија, за кој веќе дечките испратиле, т.е. Залтко Наумовски несудениот шеф на кабинет на Георгиевски веќе ги испорачал фактурите на износи 2х60.000,оо денари, само еден ден од заминувањето на градоначалникот на Охрид Георгиевски на Скијање во Франција!!!Секако дека сите договори мора да ги парафира старо новата „Началничка“ Наташа Туле Смилевска, која од помлад соработник , промовирана е во раководител на Сектор за поддршка на градоначалник на Охрид …..

Поточно ваквата нарачана анкета која требаше да покаже кај врвот на СДСМ, дека Тансковски а Алфа победничка комбинација во Охрид, доживеа невиден фијаско и покрај ботовите кој имаа задача да кликаат и билдаат рејтингот на Тансковски и на нарачана анкета Танасковски убедливо губи од Лазе Таневски, но не е ниту случајно Танасковски нема углед кај граѓаните на Охрид, нема лепеза на гласови ниту да се бори за претседател на месна заедница …

Од друга страна втор адут од женскиот пол на Георгиевски му е легендарната Мадам Жижи  или Живска Ангеловска, актуелна претседателка на совет на Општина Охрид  или во слободен речник дама за сва времена  и за секоај политичка прилика, Скопско и се е можно?!

Третиот адут на Георгиевски е жарениот „тревар“ по професија наставник по историја, докажан кадар на ВМРО ДПМНЕ, на привремена работа како Заменик градоначалник на Охрид Ристе Николевски-РицеНиколе. РицеНиколе наместо да оди да држи часови во охридската гимназија, цели 6 месеци не ни стапнал во гимназијата, учениците губат час по историја, додека РицеНиколе седи и го чува кабинетот на Георгиевски, за недај боже некој да му падне на памет да ја земе градоначалничката фотеља?!

Продолжуваме

Сашо Денесовски – Лично

Фото- Илустрација Старнски служби црн трон џип 002 OO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДОСИЕ ТАСЕВСКИ – КАРАНГЕЛЕВСКИ : ЗОШТО НА ВЛАСТА ИМ СЕ КРЕВА КОСА КОГА ЌЕ СЕ СПОМЕНАТ ИМИНАТА НА ТАСЕВСКИ И КАРАНЃЕЛЕВСКИ?

ohrid_user

ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ ! БИДЕТЕ ЖИВИ , ЗДРАВИ , ВЕСЕЛИ И СЛОБОДНИ ГРАЃАНИ ВО 2017-ТА ГОДИНА

ohrid_user

(Видео) Не биле само за пилоти, и „македонски компјутер“ бил ветен?!

saso user