Досие Македонија Топ вести

ДОСИЕ: Колку се наплаќа советнички глас во Општина Охрид, каде завршуваат тешки милиони народни пари, кој спречи безбедносен скандал на седница на влада во Охрид-Дел1

Рекетот кој сопственикот на Охрид1 Љупчо Таневски, заедно со Арбен Демировски –  Бено сопственик на „Друштво за услуги Б7 Фото и Виедо продукција ДООЕЛ Охрид“, има и друга позадина, онака комунистички со конспиративно име СОВЕТНИК?!

КОЛКУ ЧИНИ ЕДЕН СОВЕТНИЧКИ ГЛАС ВО СОВЕТ НА ОПШТИНА ?!

– Борбата за да се постане советник во Локална Самоуправа, не подразбира само партиска борба, партијата секогаш е во втор план додека личниот интерес на поединецот Советник, секогаш преовладува.

И во изминатите децинии, а и денес се поатрактивни се советничките места во советите на локалните самоуправи. Посебно интересни за поединци се од причина што во една Општина, каде секогаш мнозинството е на климави нозе, избраните советници многу често ги менуваат партиските дресови и настапуваат со свој лични аспирации и секогаш нивниот глас има одредена цена, во зависност од одлуката која треба да ја донесе Советот на Општина.

Со децении јавна тајна претставува фактот, дека на пример во Совет на Општина Охрид, промена на дел од урбанистички план, советниците кој треба да кренат ЗА, најнапред се повикуваат на тајни состаноци, се кешираат од инвеститорите малку помрсно и таквата пракса оди до недоглед…

Воедно советниците имаат и свој други бенефити кој ги остваруваат преку функцијата Советник во Совет на Општина Охрид. Доколку се погледнат новите вработувања во Општина Охрид и во Јавните пртпријатија, се доаѓа до заклучок, дека сите 23 советници во советот на Општина Охрид, функционираат по еден единствен тер – Сложни калуѓери кој и во петок мрсат!!

БЕСИМ ДЕМИРОВ, СОВЕТНИК ВО СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД УПОТРЕБЕН ВО МЕДИУМСКО РЕКЕТИРАЊЕ ?!

Рекетирањето кое го прави Љупчо Таневски и Арбен Демировски –  Бено, кој добиле согласност од градоначалникот на Охрид Георгиевски да штанцаат фактури зе неизвршни услуги, од раководните структури на Општина Охрид, добивме крајно смешен одговор за ваквиот Рекет на кој ги изложуваат граѓаните на Општина Охрид, како и ги доведуваат директорите на Јавните претпријатија во Охрид во крајно понижувачко – кримонално дејствија. Според она што го дознаваме од првите лица на Општина Охрид, сопственикот на Охрид 1 Љупчо Таневски бил здружен со сопственикот на порталот ОхридВест, кој пак имале целосна контрола врз советникот во Совет на Општина Охрид Бесим Демиров. Советникот Демиров, секогаш наводно гласал во совет на Општина Охрид, како ќе му кажел тандемот Таневски-Бено, но за да гласаат за одлуките на Совет на Општина Охрид, тандемот  Таневски-Бено, од градоначалникот на Општина Охрид, секогаш имале парични побарувања за гласот на советникот Демиров, кој дел биле плаќани преку охридски бизнисмени (Општински Рекет), додека другиот дел одел преку испостава на фактури за услуги кој никогаш не биле извршени, како што беше новиот пример со достава на фактури на износи од по 60.000,оо денари на ЈП Градски пазар Охрид, но на други јавни претпријатија како што се ЈП Билјанини Извори,  ЈП Водовод Охрид, ЈП Нискоградба итн..???

ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СПРЕЧЕН СКАНДАЛ НА ВЛАДИНАТА СЕДНИЦА ВО ОХРИД?

На ден пред одржување на Седницата на Влада на РСМ, која се оддржа во Охрид на 10-02-2020 година, благодарение на присебност на оддредени државни службеици во Општина Охрид, беше спречено да избие скандал од невидени размери, како и да се доведат во опасност министрите и одлуките на Влада на РСМ.

Имено по препорака или наредба на првиот човек на Општина Охрид, ден пред одржување на владината седница во Охрид, во Општина Охрид се појавил тандемот Таневски-Бено, кој добиле наводно задача од првиот човек на Општина Охрид и раководителот на финасии во Општина Охрид, да извршат озвучување и снимање на владината седница ?!! Општина Охрид, според планот за јавни набавки има фирма која врши озвучување на настани,  но според безбедносниот протокол, невозможно е лице поединец без поседување на посебен безбедносен сертификат, да врши озвучување и снимање на стенограми од владина седница !!! Таква задача, за да озвучи сала и снима седница на Влада на РСМ во Охрид, по налог на градоначалникот Георгиевски, добило лицето  Арбен Демировски –  Бено кој заедно со Љупчо Таневски се шетале низ просториите од тогаш посебен безбедносен режим, секако со претходно барање до државните службеници во Општина Охрид да им потпишеле некаков си догвор на 300.000,оо денари, за услуги озвучување и снимање на стенограми на владина седница во Охрид, како хитна и неодложна набавка на Општина Охрид?!

Во последен момент се спречила ваквата будалија, кога двајца државни службеници веднаш го известле Генералниот Секретаријат на Влада на РСМ, обрзаложиле дека Општина Охрид во свој посед нема такви алатки, како и дека лица со сомнителен безбедносен карактер, некој им дал налог да вршат озвучување на салата и снимање на стенограми од владината седница!? Веднаш реагирал генералниот секретаријат и истиот ден била донесена и поставена потребната опрема, додека од страна на безбедносните органи веднаш се забранило присуство на неовластени лица во големата сала на Општина Охрид, каде се одржа седницата на Влада на РСМ?! Овој скандал помина така премолчено, секако благодарение на присебноста на поединци, но редно е да се спомене како настан, каде тандемот  Арбен Демировски –  Бено-Таневски, повторно ќе го наплаќале гласот на советникот Бесим Демиров за фантастични 5000, евра по владина седница??

Арбен Демировски –  Бено позант е и по локалните избори во 2013 година,  по фактот кога со Зоран Милевски-Кичевски ги предводеше параполициските сили под команда на Мијалков, Јанкуловска  и Утка во Охрид, кога малтретираа граѓани, тепаа и претепуваа во Охрид. Тогаш, кога циганите ги вадеа за уши, главни помагатели во изборните нерегуларности и поткупот на гласови во Охрид, беа токму лицата Ресул Шемо и  Арбен Демировски –  Бено поддржани од Љупчо Таневски како медиумски гуру на преродбениците, кој всушност го насочуваше во својот поход Зоран Милевски -Кичевски каде да удрат на етничките заедници во Охрид.

Продолжува: Зошто Антикорупциска не го испита потеклото на имот на советниците? Која е спрегата со урбаната мафија ? Колку инкасирале за доброто на девастација на урбнизмот во Охрид ?

С.Денесовски – Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев е за предвремени избори, но во октомври 2020

saso user

Заев: Не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски

saso user

Арсовски: Катица Јанева има нешто да сокрие, а некој сака и нејзе да ја сокрие

saso user