Досие Македонија Топ вести

(ФАСКИМИЛИ) Сопственикот на Охрид1и Скопје1 фатен во рекетирање на Јавно Претпријатие во Охрид.

Обид за медиумски рекет врз јавните претрпијатија во Охрид, со поддршка на одредени моќни структури од Општина Охрид, го тресе Охрид.

На ден 02-03-2020 година, поточно на ист датум и во исти час во ЈП „Градски Пазар“ Охрид, пристигнуваат две пооделни фактури и тоа првата од фирмата „ЛТ Трејд“ каде управител и сопственик се јавува најконтраверзната личност Љупчо Таневски, на износ од 60.000,оо денари, со цел на ознака: Огласување. Датум на издавање на фактурата стои 03.02.2020, додека валута за плаќање наведена во испорачаната фактура стои 08.02.2020 година или фактурата, а испорачале ден претходно, ако што уредно стои на архивскиот печат на ЈП „Градски пазар“ Охрид, каде е и заведена под датум 02.03.2020 г. со архивски број 05-9/48 ?!

Истиот ден 02-03-2020 година, во ист час во ЈП „Градски Пазар“ Охрид пристигнува уште една фактура, но овој пат од фирмата „Друштво за услуги Б7 Фото и Виедо продукција ДООЕЛ Охрид“, повторно на износ од 60.000,оо денари со цел на дознака: „Објавување на огласи и соопштенија“. И во овој случај, датум на издавање на фактурата  стои 03.02.2020, додека валута за плаќање наведена во испорачаната фактура стои 08.02.2020 година или фактурата, а испорачале ден претходно, како што уредно стои на архивскиот печат на ЈП „Градски пазар“ Охрид, каде е и заведена под датум 02.03.2020 г. со архивски број 05-9/47??

Заедничко и во двата случаеви претставува тоа, што ЈП „Градски пазар“ нема склучено никаков договор за никакви услуги со фирмите  „ЛТ Трејд“Охрид и  „Друштво за услуги Б7 Фото и Виедо продукција ДООЕЛ Охрид“, чиј сопственици, тандемот Бено-Таневски, според добро упатените извори, добиле согласност од моќник од Општина Охрид, да испорачаат фактури до „ЈП Градски Пазар“ Охрид, а кој фактури директорката Кристина Крлеска Деспотоска ќе морала да ги исплати??

Редакцијата Охридскај, согласно закон за слободен пристап на информации од Јавен карактер, по писмен пат се обрати до ЈП „Градски Пазар“ Охрид, со барање, дали „ЈП Градски Пазар“ има добиено две фактури на износ од 60,000,оо денари од фирмите „ЛТ Трејд“Охрид и  „Друштво за услуги Б7 Фото и Виедо продукција ДООЕЛ Охрид“, чиј сопственици, тандемот Бено-Таневски, како и во прилог ни ги достават копии од спорните фактури.

Од „ЈП Градски пазар“ Охрид, редакцијата Охридскај го доби следниот одговор:

-“ Почитувани, Ве известуваме дека ние како ЈП Градски Пазар Охрид, немаме склучено никаков Договор за закуп на медиумски простор со долу наведените фирми. Истите следствено на тоа, ќе бидат  вратени кон барателите“, се истакнува во дописот кој редакцијата Охридскај го доби по пат на електронска пошта од „ЈП Градски Пазар“ Охрид.

Во прилог ги објавуваме и испратените фактури до ЈП „Градски Пазар“ од страна на „ЛТ Трејд“Охрид и  „Друштво за услуги Б7 Фото и Виедо продукција ДООЕЛ Охрид“, чиј сопственици, тандемот Бено-Таневски, кој патем вакви фактури испратиле до повеќе јавни претпријатија и Општина Охрид, а никој не знае по кој основ ќе се врши исплата на истите?! Овие две фирми, се јавуваат буквално секаде во сите јавни претпријатија и Општина Охрид, но спорен е и фактот што лицето Љупчо Таневски се појавува како потписник на фактури едната на „Мегатсар продукција“ Охрид1 и другата ЛТ Трејд повторно Охрид 1 и Скопје 1, но во дополнување на фактурите кој се испорачуваат до Општина Охрид, покрај сумите од 25.000 денари, вкалкулирани се дополнителни 10.000,оо денари плус за некаква си медиумска поддршка на Одделението ТЛЕР при Општина Охрид. На потег се надлежните органи.

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Костадинов: Од Будимпешта абер пристигна, Мицкоски ќе маршира за неправда

saso user

Евробарометар: Довербата на Македонците во ЕУ е падната за шест отсто за помалку од една година

saso user

Северина треба да му плати отштета на сликар за повреда на авторски права

saso user