Македонија Топ вести

Претставничкиот дом на Холандија: Северна Македонија постигна дополнителен напредок кон започнување на преговорите со ЕУ

По извештајот на Европската комисија во кој беа позитивно оценети реформите во правосудството, добивме позитивен извештај и од Делегацијата на Постојаниот комитет за европски прашања на Претставничкиот дом на Кралството Холандија која ја посети Северна Македонија во февруари годинава, соопшти Министерството за правда.

Од последната посета во мај 2019 година, известувачот констатирал дека Северна Македонија постигна дополнителен напредок кон започнување на преговорите за пристап во ЕУ.

– Во извештајот е нотирано дека Северна Македонија има постигнато голем напредок во прилагодувањето на домашната политика и законодавството во согласност со правото на ЕУ. Извештајот потенцира дека, околу 34 отсто од европските правила од регулативите и директивите во областа на правдата и внатрешните работи се веќе имплементирани во домашното законодавство. Исто така, во извештајот се констатира дека во Република Северна Македонија е забележана суштинска мотивација и убедлива посветеност на реформите од страна на власта – информираат од Министерството за правда.

Според известувачот, усвојувањето на Законот за Јавното обвинителство е импресивен резултат, кој овозможил продолжување на истрагите, но и дека законот не содржи скриена амнестија која ќе им овозможи на одредени (поранешни) политичари да избегнат истрага.

Овој позитивен извештај, како што е наведено од Министерството за правда, се очекува да биде основа на дискусијата во Холандскиот парламент за проширувањето на ЕУ на Балканот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Интерпол испитува, Спасоски смета оти треба да ја објави потерницата по Груевски

saso user

Реисот Реџепи се пофали дека скапиот ролекс му го подарил бизнисменот Бошко Ремис ВИДЕО

saso user

Извадок на билтен на настани на МВР за ден 12.07.2019 година

saso user