Свет

Расправата по барањето за екстрадиција на Асанж продолжува на 18 мај

Британското правосудство денеска одлучи на 18 мај да го продолжи разгледувањето на барањето за предавање на САД на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој речиси една година се наоѓа во затвор во Велика Британија.
Рочиштата, што почнаа во понеделникот, завршија вчера, еден ден порано од предвиденото, и ќе продолжат на 18 мај, соопшти судот во Лондон, и додаде дека тогаш разгледувањето на барањето ќе трае три недели.

Асанж, кој беше во судницата, се пожали дека не може да се договара со своите адвокати како што тој сака, а денеска не му беше дозволено ниту да седне до нив.

Основачот на Викиликс на 11 април 2019 година беше исфрлен од Амбасадата на Еквадор во Лондон, во која се сокри во 2012 година, по што британската полиција веднаш го уапси.

САД побараа негово екстрадирање за да се соочи со вкупно 18 точки од американското обвинение, а доколку биде осуден за шпионажа и предавство со објавувањето на тајни државни документи, му се заканува повеќедецениска затворска казна.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Старџен: Добивме мандат за референдум за независност на Шкотска

saso user

Плата до 10.000 евра: Австралија повторно бара работници, а овие две професии се на врвот на листата

saso user

Телата на таткото и ќерката кои се удавија во Рио Гранде се враќаат во Салвадор

saso user