Свет

Помпео: Ние ѝ понудивме помош на Исламската Република

САД во моментов не е вклучена во непријателства кон Иран и на Техеран му понуди техничка помош во справувањето со епидемијата од новиот коронавирус, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

– Ние ѝ дадовме понуда на Исламската Република за помош – им соопшти Помпео на конгресмените откако го притиснаа околу глобалниот одговор на заразата, во сослушувањето во Конгресот што во фокусот го имаше Иран.

Американските конгресмени се загрижени дека во Иран е забележана сериозна појава на коронавирусот, додека нивниот здравствен систем е ослабнат.

Помпео истакна дека здравствениот систем во Иран не е стабилен и додаде дека Техеран не споделува информации.

ФОТО: EPA / MAURICIO DUENAS CASTANEDA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заедно имаат 211 години и веројатно се најстарата брачна двојка во светот

saso user

Паника во Германија, отровни гасеници затворија базени, ресторани, паркови

saso user

Навални бил отруен во притвор

saso user