Балкан

Половина Словенија во „портокалова фаза” поради опасност од силен ветер

Поради опасност од силен ветер словенечките метеоролози прогласија „портокалова фаза” во централниот и источниот дел на државата јави дописникот на МИА.

Според метеоролозите во областа Штаерска на некои места ветерот ќе достигне брзина и до 100 километри на час.

Во текот на изминатaта ноќ, поради силен јужен ветер во областа Приморска, некои објекти во Пиран кои се во близина на морето беа поплавени. Управата за заштита и спасување информираше дека имале неколку интервенции во овој регион.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мицотакис му рекол на Трамп дека ќе се бори против бирократијата, а за повеќе инвестиции

saso user

Грчките факултети под опсада од студентите

saso user

Полјак вљубен во Хрватка и во Пелинковец организира Пелинковец-фестивал во Стари Град

saso user