Здравје

Пет детски маани кои би требало да ги поттикнуваме

Тврдоглавоста на вашето дете значи дека во семејството ќе имате повеќе судиринетрпеливост и немир, а утре успешен и задоволен човек. Таквото однесување на нашите деца со кое денеска се мачиме и се бориме, подоцна во животот веројатно ќе ни биде од голема корист.

Затоа издржете, разговарајте и имајте трпение. И секако, колку и да звучи тешко и неверојатно, негувајте ги тие особини. Тоа се следниве:

Детето има цврст став и е тврдоглаво, значи…

Еден ден ќе има силна волја и став да спроведе сè што сака.

Детето е исклучително љубопитно и поради тоа запаѓа во разни ситуации, значи…

Еден ден  ќе биде силно усмерено на барање на вистината, правдата и ќе остане желно за нови знаења.

Детето сака ризични активности и често се повредува, значи…

Еден ден таа храброст ќе биде важна за чувството назадоволство затоа што нема да се плаши од нови предизвици и целиот свет ќе му биде на дланка.

Детето многу фантазира, значи…

Еден ден неговиот голем креативен потенцијал би можел да блесне.

Детето е ’посебно’ на некој необјаснив начин…
Еден ден ќе гледа на животот на неконвенционален начин и ќе му носи на светот нови идеи.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Не е важно само што јадете, туку и кога

saso user

Тајна состојка која може да ја додадете во лебот, а не е адитив

saso user

Ве мачи синусна инфекција? Овие се најдобрите народни лекови

saso user