Спорт

Осумгодишна суспензија за олимпискиот шампион во пливање

Осумгодишна суспензија за кинескиот олимписки шампион во пливање, Сун Јанг, е одлуката на судот за арбитража во Лозана за носителот на вкупно шест одличја од Олимпијадите, од кои три златни.

Казната е по барање на Светската антидопинг агенција (ВАДА), откако Јанг за време на тестирање го уништил својот примерок со крв. Претходно, тој беше ослободен од обвинение од Светската пливачка асоцијација (ФИНА), и покрај конфликтот во кој влезе со други пливачи кои тврдеа дека се допингува,.

Сун има 28 години и најави жалба на одлуката која, ако остане на сила, ќе значи и крај на неговата кариера.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Покрај Вардар, и Еурофарм Работик ќе игра во Лигата на шампиони!

saso user

Меси со сериозен ултиматум до Барса за да го врати Нејмар

saso user

Меси пред Роналдо по бројот на клупски голови

saso user