Урбани вести

Од денес до завршување ќе се изведуваат градежни работи за Реконструкција на улици во Ресен

Од Општина Ресен информираат дека во периодот од 28.02.2020 година до завршување ќе се изведуваат градежни работи за Реконструкција на улици во градот Ресен , на локацијата улица „ Таше Милошевски “ во Ресен .
Работите ги изведува фирмата ЗВ ДГТУ ЛЕНДИ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ и ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ , а инвеститор е општина Ресен, со цел подобрување на квалитетот на животот на месното население.
Притоа Ве известуваме дека:
– Одделни делови на улицата во текот на денот времено ќе бидат забранети за сообраќај за што учесниците ќе бидат информирани со вертикална сигнализација како и со поставување на физички препреки.
– Сообраќајот ќе биде пренасочен по други улици со соодветна вертикална сообраќајна сигнализација.
– Одделни делови од тротоарите на кои ќе се изведуваат градежни работи ќе бидат затворени за движење на пешаците за што ќе биде поставена вертикална сигнализација и лента која ќе служи како препрека и начин за известување на пешаците, а движењето ќе се врши на тротоарот од другата страна на улицата.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи, информираат од Општината.

За дополнителни информации / прашања, може да се обратите кај Љубин Поповски или на контакт телефон 047/551 770 од општина Ресен.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ресенските пожарникари добија професионална опрема за справување со пожари

saso user

Тешко повредени две лица во сообраќајка на патот Охрид – Ресен

saso user

ПРИГОДНИ ЧЕСТВУВАЊА ЗА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА АНДОН КЕЦКАРОВ

saso user