Свет

Излекувани над 36.000 лица од Ковид-19 во Кина и помалку нови заразени

Властите во Кина објавија за 327 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, како и за 44 лица починати. Така, вкупниот број заразени лица достигна 78.824 и починати – 2.788 лица, соопшти денеска Државниот комитет за здравство на Кина.

Новите случаи во Кина се 100 помалку од претходниот ден.

Според властите, 36.117 лица биле целосно опоравени и пуштени од болница додека 39.919 лица остануваат во болниците. Состојбата на 7952 од нив е исклучително тешка.

Прв случај на заразен со Ковид-19 е регистриран во Белорусија и на Нов Зеланд.

За прв случај соопштија и властите во Литванија.

Германија го затвора времено Амбасадата во Јужна Кореја каде се регистрирани над 2.200 заразени со новиот коронавирус.

Нигериските власти денеска соопштија за потврден случај на заболен од новиот коронавирус, прв во субсахарска Африка.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Моторџија пукал во џамија во Париз, едно лице повредено

saso user

ОН: Убиени речиси 7.000 луѓе за 18 месеци од безбедносните служби на Венецуела

saso user

Дуња Мијатовиќ загрижена за почитувањата на правата на мигрантите

saso user