Балкан

Борисов по телефонскиот разговор со Ердоган: Засега нема закана за Бугарија!

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска имаше телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во кој двајцата лидери ја разгледале ситуацијата во Сирија и ситуацијата со мигрантите.

Во текот на разговорот било расчистено дека во овој момент нема директна закана за Бугарија.

Двајцата лидери се договориле во понеделник да оддржат и заедничка средба.

Борисов во разговорот забележал дека Бугарија високо го цени придонесот на Турција  во прашањата со миграцијата и покажал разбирање за огромните тешкотии кои нивниот сосед ги има со години наназад со бројот на мигранти.

Премиерот Борисов е категоричен дека во оваа ситуација ниту Турција, ниту која и да било друга држава не треба да биде оставена сама да се справува со проблемот и дека треба да и се укаже поддршка.

Бугарскиот премиер изрази увереност дека Бугарија и Турција и во иднина ќе продолжат да работат заедно во интерес на справувањето со кризата во Сирија и за запирањето на мигрантскиот прилив и притисок.

Борисов изрази длабока жалост за загинатите турски војници во сириската провинција Идлиб. Тој подвлече дека за кризата во Сирија постои само мирно политичко решение.

За Борисов клучно е да се примени спогодбата ЕУ- Турција. Според него, од исклучително значење е Европската унија да има единствена позиција за мигрантското прашање. Тој додаде дека за денешниот телефонски разговор ќе ги информира претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, и лидерите од ЕУ и дека ќе апелира ЕУ уште посериозно да се заземе за решавањето на кризата по дипломатски пат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мира, сопругата на Слободан Милошевиќ се бори за живот

saso user

Најлош ден во Србија, нови седум смртни случаи, 115 лица новозаразени

saso user

Македонскиот лекар од Дарувар со првата приватна клиника во Хрватска

saso user