Свет

Анкара бомбардира позиции на сирискиот режим како одговор на убиството на 33 турски војници

Турција бомбардираше позиции на режимот на Башар ал Асад како одговор на загинувањето на 33 турски војници во северозападниот дел на сириската провинција Идлиб, соопшти Кабинетот на турскиот претседател.

Сите познати позиции на (сирискиот) режим се под оган од нашите копнени и воздушни сили – рече портпаролот на турскиот претседател, Фахретин Алтун.

Турција одговори со бомбардирање по смртта на најмалку 33 нејзини војници во напади во провинцијата Идлиб, кои Анкара му ги припишува на сирискиот режим.

– Ќе им се одмаздиме за нашите храбри војници – рече Алтун.

Тој ја повика меѓународната заедница, вклучително и Русија и Иран, сојузници на Дамаск, да „покажат одговорност“ и „да запрат злосторства против човештвото извршени од режимот“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Урнати остатоците од мостот на кој загинаа 43 луѓе

saso user

Седумнаесетмина повредени кога авион излета од писта на аеродромот во Јангон (ФОТО)

saso user

Северна Италија во карантин: Редици пред маркетите, се бара можност за заминување на југ

saso user