Сцена

Поранешната сопруга на холивудскиот злоставувач најде нова љубов ФОТО

Поранешната сопруга на холивудскиот злоставувач Харви Вајнстин, модната дизајнерка на брендот „Марчеза“, Џорџина Чапман, пронашла нова љубов.

Според информациите од американските медиуми, во врска е со холивудскиот актер Адриен Броди. Вестите за нивната врска започнаа да кружат уште минатата година, а изворот близок на дизајнерката потврди дека се заедно.

Модната дизајнерка најде утеха во прегратката на прославениот оскаровец Адриен Броди. Гласините дека 43-годишната Џорџина и три години постариот холивудски актер се дружеле минатата есен, а нивната љубов од ден на ден станува сѐ посилна.

Иако често истакнувала дека по разводот сака да биде сама, се чини дека славниот актер ѝ го променил мислењето.

Да се потсетиме, дизајнерката од поранешниот сопруг се разведе откако во јавноста се појавија бројни обвинувања за сексуално злоставување. Заедно имаат две деца, а разводот го финализираа во 2018 година.

Иако тие се познаваат со години, љубовта се роди во Порто Рико, каде двајцата присуствуваа на претставувањето на новата колекција за капење од манекенката Хелена Кристенсен минатиот април.

И покрај одлуката дека нема да бара љубов извесно време откако се разведе од холивудскиот моќник Вајнстин, сè се сменило со Броди, кој ѝ бил голема поддршка во тие тешки периоди од животот.

Вајнстин и Чапман потпишале договор при крајот на 2018 година и е пресметано дека тој договор вреди помеѓу 15 и 20 милиони долари. Дизајнерката на „Марчеза“ веќе самата поседува богатство од околу 20 милиони долари.

Georgina Chapman, exmujer de Harvey Weinstein, rehace su vida junto a Adrien Brody

FOTO: Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Актерот ја изгуби долго криената битка со ракот

saso user

Покажувајќи го станот го покажа и своето голо тело ФОТО

saso user

Три Оскари за црниот пијанист

saso user