Бизнис

Манчевски очекува брзо да се надмине кризата со авторските права

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заради фактот што, како што вели, во атмосфера на прилично голема недоверба меѓу операторите и радиодифузерите сите сме приморани да седнеме на маса и да најдеме брзо ама реално решение за проблемот.

– Овој закон беше донесен во една многу долга, инклузивна и јавна процедура со добиена поддршка од Европската комисија и високиот претставник за медиуми на ОБСЕ Арлем Дезир. Се јави проблем во делот на имплементацијата на дел од законот во делот на почитување на авторсктие права. Мора да си признаеме дека сме еддна од последните земји во Европа, ако не и последната што имаме проблем со авторските права. Мораше нешто да се направи за да се смени состојбата со флагрантното кршење на авторските права кај нас и затоа пред распуштање на Собранието само го ставивме во сила Законот кој е донесен во декември 2018 година во максимално инклузивен и транспарентен процес со многу јавни дебати на кои беа консултирани сите заинтересирани страни – рече Манчевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во МИОА.

Сѐ уште сум, нагласи, оптимист дека ќе најдеме решение.

– Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември 2018 година и сме имале бројни состаноци за да се обидеме да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радидифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме – рече Манчевски.

Доколку сите ги почитуваат законите, посочи, нема да има проблем, а тоа што не се почитуваат законите и Владата и државата ги наведуваат кон решенија во кои мора дополнително да се регулира нешто што е јасно – не треба да се емитува или реемитува нешто за што нема авторски права.

– Тоа различни страни различно го интерпретираат и сме дошле до проблемот кој е стар 20 години. Можеби изгледа тензична ситуацијата во моментов помеѓу едната и другата страна, а ние сме некако во среднина, но конечно сфаќаме дека што и да се случува кој и да преземе какви било чекори на крај мора да се седне на заедничка маса за да се најде решение. Прашање е дали тоа ќе биде после одредена штета за сите или ќе сфатиме дека нема потреба никој да трпи штета, туку да најдеме решение – потенцира Манчевски.

Кога се донесе законот, додаде, заеднички се договоривме со радиодифузерите и операторите дека ќе се почека со изборот на новиот Совет на АВМУ кој треба преку правилници да ја дефинираат примената на законот.

– Со оглед што постоеше и сѐ уште постои политичка блокада од страна на опозицијата за да не дојде до избор на Совет на АВМУ со што се прекршија роковите и апсолутно се прекрши законот никогаш не дојде до дефиниција на правилниците, но проблемот остана. Година и нешто потоа се уште имаме ист проблем со почитувањето на авторските права што беше неиздржливо од аспект на почитување на законот. Имаме посебен Закон за авторски права, а како и за многу други работи проблем ни е судството кое не ги процесуираше и не ги процесуира претставките и предметите што се однесуваат на заштита на авторските права. Пред распуштање на Собранието ние само го ставивме законот во сила – прецизира Манчевски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Температурните шокови нема да им наштетат на овошките

saso user

Путин и Ердоган на средба во Истанбул

saso user

НБРМ: Намалени каматите на вкупните кредити на домаќинствата

saso user