Здравје

Лутина, една од најчестите причини за дебелина

Лутината е една од емотивните состојби кои најмногу се поврзува со дебелината. Причината за тоа е упорно барање утеха во храната затоа што некој ви го расипал расположението.

На тема врска помеѓу дебелина и лутина направени се неколку истражувања. Нутриционистот Хуан Мануел Ромеро Вилја смета дека лутината може да биде една од главните причини за дебелината и тоа ја објаснува врската помеѓу емоциите и храната која луѓето ја консумираат.

Факт е дека зад дебелината секогаш се наоѓаат психички промени и дека се користи како еден од начините за борба против емотивната болка.

Многумина не разбираат каква навистина има врска лутината со дебелината. Во практична смисла, кога човек го лути телото тогаш лачи адреналин и кортизол, хормоните кои се ослободуваат како одговор на стресот, од друга страна, го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Овие хормони обично се произведуваат за време на вежбање, меѓутоа, се активираат и за време на лутина, а глукозата која ја создаваат клетките е неискористена, па се депонираат како маснотии во организмот.

Хуан открил дека многу негови пациенти со прекумерна тежина имаат и проблеми со контролата на бесот, што дополнително ја докажало неговата теорија.

Се разбира, не е исклучен фактот дека прекумерната тежина може да биде резултат на внатрешни причини како метаболички синдром и хормонални нерамнотежи, како што се проблеми со тироидната жлезда.

Тие причини може да бидат предизвикани од надворешни влијанија, како што се лоши навики за јадење или недостаток на вежбање и физичка активност воопшто. Со сето тоа, гневот е само уште еден елемент кој ја влошува сегашната состојба.

Негативните емоции како лутината, тагата или анксиозноста можат многу да влијаат на начинот на кој јадеме и во многу случаи станува причина за дебелина. Тие емоции се канализираат преку храна која станува несвесно заштитена од лоши емотивни состојби.

Свеста за своите навики во исхраната е клучна за намалување на телесната тежина, така што можете да откриете кои фактори доведуваат до прејадување и конзумирање на нездрава храна.

Некои од советите може да бидат сепак да размислите дали навистина сакате да јадете нездрава храна, пред автоматски да ја изедете. Исто така, бидете свесни за своите емоции и обидете се желбата за храна во случај на лутина да ја замените со некое корисно хоби.

Извор: denar.mk

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ако се прејадете, добивате електро-шок. Заинтересирани?

saso user

Научниците открија: Зошто е добро да пиете кафе пред тренинг

saso user

Коронавирус: Што ќе се случи со вашиот организам откако ќе оздравите?

saso user