Урбани вести

ОДРЖАНА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Советниците на денес одржаната триесет и деветта седница на Советот на општина Охрид  го усвоија  записникот од 38-та Седница со 15-те точки на дневен ред кој беше  надополнет  со  уште една точка што беше повлечена , а се однесуваше на Предлог одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за фирма  бр. 07-73/8 од 31.01 2006 година. Усвоени беа Предлог- програмата  за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година како и Предлог Одлуките  за аплицирање на проект „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ и за  „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“  кои се  во рамки на програмата „INTEREG IPA“ програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Советниците  ги  изгласаа и Предлог – одлуките за прифаќање  донација нa црковни предмети за ново изградената црква Воведение на пресвета Богородица – Пречиста во населба  Рача и за  пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на основните училишта  “Григор Прличев“ и „Христо Узунов“ . Усвоени беа и предлог одлуките за пренесување на правото на користење  канцелариски мебел сопственост од општината   на Јавните претпријатија,  “Билјанини Извори”, „Градск пазар“ и  „Охридски Комуналец” како и на  СВР Охрид.Советниците ги изгласаа и Предлог – одлуките  за утврдување на висината на  надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба “ со статус на административни службеници за 2020 година.Седницата заврши со   усвојување на Предлог-  одлуките   за именување членови во надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Водовод“   и   за давање согласност на одлуката за  донесување на статутот  на ова јавно претпријатие.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ОПШТИНА ОХРИД:Лаги, манипулации и евтин популизам, тоа е добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ

saso user

ЈАВЕН ПОВИК ОД ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА

saso user

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА

saso user