Македонија

Шилегов: ЈСП не може да набави делови за кинеските автобуси поради коронавирусот

На промоцијата на новите автобуси на ЈСП, скопскиот градоначалник Петре Шилегов откри дека постојат големи проблеми во набавката на делови за кинеските двокатни автобуси поради коронавирусот.

– Новите автобуси се од познатиот бренд „МАН“ и тие не се како кинеските двокатни автобуси за кои сега не можеме да набавиме делови поради коронавирусот – истакна Шилегов.

Како што најави тој, на 12 март годинава би требало во Скопје да пристигнат 17 од вкупно 33 автобуси, а како што додаде, тие ќе бидат во црвена боја како заштитен знак на градот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Објавена „Комуникациска стратегија на Владата за 2019-2020 година“

saso user

Свиркачи ѝ ги дале на ВМРО-ДПМНЕ исказите за „Рекет“ дадени пред Русковска

saso user

Аерозагадувањето на седница на националниот Совет за безбедност

saso user