Свет

Хилари Клинтон: Ќе го испратиме Трамп во пензија

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон има резерви во однос на претендентот за претседателски кандидат на Демократската партија Берни Сандерс, но најави поддршка за секој кандидат на демократите.

Во новиот документарен филм „Хилари“, поранешната државна секретарка го опишува Берни Сандерс како личност која никој не ја сака ниту сака со него да соработува.

Но и покрај резервите за Сандерс, кого таа го победи во борбата за демократска номинација во 2016 година иако подоцна на изборите изгуби од Трамп, Клинтон вели дека приоритет е на овогодишните избори да биде победен актуелниот претседател.

– Ќе почекам да видам кого ќе номинира Демократската партија и ќе го поддржам номинираниот кандидат и немојте да се изненадите кога велам дека императив е да се испрати сегашниот претседател во пензија – изјави Хилари Клинтон.

ФОТО: EPA / NEIL MUNNS

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Животот во карантин со насилник

saso user

Пожари и инциденти на Лезбос со две жртви и најмалку пет повредени бегалци и мигранти

saso user

Четвртина Германци не знаат кој ја напишал „Ода на радоста“

saso user