Македонија Топ вести

Филипче: Многу лесно можеме да се соочиме со прв случај на заразен од коронавирус

Мислам дека можеме многу лесно да се соочиме со прв случај на заразен од коронавирусот, но сметам дека сме целосно подготвени веднаш да одговориме на состојбата, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите.

Тој вели дека самиот тој е во секојдневен контакт со министрите за здравство во земјите од регионот каде што веќе има потврдени случаи на заразени со опасниот вирус. Тој додаде дека утре во Скопје ќе пристигне регионалниот директор на СЗО за Европа.

Филипче истакна дека денеска биле дистрибуирани дел од заштитните маски во трите изолациски центри во болниците во Штип, Велес и во Гостивар, како и на Детската клиника и на граничните премини. Тој тврди дека земјава располага со доволно заштитна опрема, над 4.000 маски и скафандери, а додаде дека Министерството за здравство наскоро ќе сними видео-спот со препораки за заштитни мерки.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Крадците демнат на Фејбсук – не објавувајте дека сте на одмор

saso user

Ќе се реализира традиционалнатата Општинска сообраќајно-воспитна манифестација “Детски семафор”

saso user

Силјановска води во околу 40 општини, Пендаровски во околу 20 општини

saso user