Македонија Топ вести

Уште еден сомнителен случај се испитува за корона вирус во Скопје

Патник што допатувал од Дубаи и кој има симптоми слични на грип е хоспитализиран на Инфективната клиника и за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите дали се работи за коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи.

– Има симптоми слични на грип. Направени се тестовите и за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите. Се пристапува со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус, рече Филипче.

Апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувтвуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.

Според Филипче, здравствениот систем е подготвен и оти располага со доволен број на кревети, маски, мантили и скафандери.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Приведен скопјанецот кој измачувал и усмртил две кучиња во Аеродром

saso user

Вештак: Автобусот на „Дурмо турс“ покажувал 85, а возел со 100 км на час

saso user

Центарци утре чувајте го ѓубрето дома

saso user