Балкан

Ученици и наставници од БиХ во изолација по посета на Италија

Голема група ученици и наставници од Грачаница во Босна и Херцеговина, како и еден возач на автобус, кои минатата недела биле во посета на Италија, каде веќе починаа 11 лица од Ковид-19, ставени се во домашна изолација по одлука на жупаниските власти во Тузла.

На возачот, кој по тродневен престој во Италија се пријавил во здравствена установа поради воспаление на грлото,  му е земен брис и испратен е на анализа во Сараево. Потоа возачот, заедно со децата и наставниците е испратен во домашна изолација во траење од 14 дена, потврди денеска министерската за здравство на тузланската жупанија Дајана Чолиќ.

Меѓутоа, учениците не беа подложени на тестови бидејќи немале ниту еден симптом кој би укажал на евентуална зараза со коронавирус.

Фото: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Министерот за безбедност во БиХ: Изјавата на Колинда е несериозна и неодговорна

saso user

Убиецот на сопругата од Белград се брани со молчење

saso user

Србија: По 12 дена, одблокирана зградата на Ректоратот на Белградскиот универзитет

saso user