Македонија

Утре топло со југозападен ветер и над 70 километри на час

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Утре ќе преовладува топло време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на места ќе достигнува и над 70 километри на час. В четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи на снег ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см, велат од УХМР.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кривична за тројца скопјани, еден крадел, па препродавал пиштол и телевизор

saso user

Заев чека рапорт од Дураку и од Исмаили за дивеењето на „Шверцерите“ во МНТ

saso user

Пендаровски вози „југо“, а заштедил 12.000 евра

saso user