Сцена

Српските медиуми за Желчевски: Народен пејач со четири дипломи

„Почина легендарниот пејач на македонската музика“ е само дел од насловите во „Блиц“, „Ало“, „Новости“, „Курир“, „Мондо“ и други српски медиуми за веста за смртта на Ѓорѓи Желчевски објавени денеска во Белград.

„Информер“ и „Србија данас“, веста ја објавија со насловот „Целиот регион плаче за смртта на Ѓорѓи Желчевски“.

Медиумите и социјалните мрежи се преполни со пригодни зборови за овој великан на македонската музика, кој долги децении во Белград и во Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос.

„Вечерни новости“ пишува дека тој бил „многу талентиран човек во естрадниот свет, можеби и единствен кој има четири дипломи и тоа од музичко школо, средно медицинско школо, потоа вишо педагошко училиште и Природно-математички факултет (наставник по хемија).

„Ало“ и други медиуми пишуваат за Желчевски дека тој, рано како солист во Радио Скопје, сфатил дека за народната музика која ја носел во своите гени не му треба никакво училиште. Фаталната средба се случила во 1959 година на Партизанските води на Златибор. На барање на Маршалот Тито, се одржувал фолклорен фестивал од цела Југославија. Скопје како свој претставник го испрати Културниот клуб „Орце Николов“, во кој настапи и Кевсер Селимова. Ѓорѓи беше афирмиран солист на Радио Скопје, настапувајќи како пејач и како конферансије. На прв поглед, тој се заљуби во седум години помладата русокоса убавица со крупни зелени очи.

Се роди љубов, тие почнаа да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани, а бидејќи 50 години живееја и твореа во Белград, ги нарекуваа амбасадори на македонските песни.

Ѓорѓи Желчевски почина на 82-годишна возраст како последица на мозочен удар во болницата „Св. Сава“ во Белград.

Тој ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер, меѓу кои се „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Врати ми се, љуби ме“, „Брала мома капини“ и многу други. Пред седум години во Домот на АРМ во Скопје концертно го прославија петдецениското постоење.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џамбазов: Ми се исполни сонот, конечно со Цеца ФОТО

saso user

Слеп и аутистичен пејач победи на американскиот „Суперталент“, публиката во солзи ВИДЕО

saso user

Хари, Меган и малиот Арчи на прва заедничка турнеја низ Африка ФОТО

saso user