Бизнис Топ вести

Среќна Нова 1949: Зетот на Минчо, Горан Мауровски стана в.д. генерален директор на „Бетон“ Скопје

Горан Мауровски е назначен за в.д. генерален директор на „Бетон“ Скопје и извршен член на Одборот на директори, соопшти компанијата на сајтот на Македонска берза.

Мауровски досега беше директор на Секторот за контрола и известувања. Тој инаку е зет на најголемиот акционер на „Бетон“ Минчо Јорданов и лани дојде во компанијата.

Според она што е познато за него, Мауровски кој има 34 години е основач и сопственик на три компании кои работат во областите градежништвото, производство и трговија.

Од почетокот на 2016 година беше член на Надзорниот одбор на ФАКОМ, која е дел од фирмите на Јорданов.

Тој лани го доби и престижното признание Business Elite’s „40 under 40“ како еден од најуспешните 40 млади бизнис лидери од Југоисточна Европа кои се приклучуваат на глобалната бизнис елита.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во план, украинските возови 10 години да ги управува „Дојче Бан“

saso user

Ципрас бара од Париз да се отвори европскиот пат за Македонија

saso user

Глобалната побарувачка за течен гас ќе биде двојно зголемена до 2049 година

saso user